Ова е навистина фантастична кремаста торта која пред се многу брзо се приготвува, а вкусот е мммммм….
Потребни состојки: 8 белки, 8 лажици шеќер, 10 лажици мелени ореви, 2 лажици брашно. За фил: 8 жолчки, 8 лажици шеќер, 4 пудинг од ванила, 1,3 литар млеко, 250 г путер, 250 г шеќер во прав, 300 г наполитанки од лешник, 150 г чоколадо. За декорација: 2-3 шлага или слатка павлака
Постапка: Изматете ги белките со шеќер, па додадете ореви и брашно, лесно измешајте со лажица, па смесата рамномерно распоредете ја во намастен и набрашнет плех 30х28 см (може и помала димензија). Печете на 180 степени.
За фил: изматете 8 жолчки со 8 лажици шеќер. Во оваа смеса додадете 4 пудинзи од ванила, промешајте со миксер за да се соедини и да нема грутчиња, па сварете ја во 1,300 мл млеко.
Оставете го филот да излади. Посебно изматете 250 г путер со 250 г шеќер во прав. Смесата од пудинг и жолчки соединете ја со путерот. Добиениот крем поделете го на два дела. Во првиот дел додадете 300 г рендани или кршени наполитанки од лешник
(претходно замрзнете ги, а потоа полесно се рендаат). Во вториот дел се додаваат 150 г растопено чоколадо. Филување: кора – прв фил – втор фил – изматен шлаг.