Германско-американскиот „татко“ на сировата исхрана и автор на книгата „Да се живее без болест“, Ернест Гунтер, своевремено објави интересен рецепт за лекување на артритис, гихт, ишијас, реума и останати воспалени и болни состојби со зглобовите, колковите, прстите на рацете и нозете, колената и шилец во петата.

Лекот се состои во вид на облога која се става на болното место директно на местото каде се манифестирал проблемот.

Облозите се прават на следниот начин:

Потребни ви се: компир, црвен кромид и ленено семе.

ПОСТАПКА:

Потопете полна супена лажица ленено семе во 200-300 мл вода. Гответе на оган 10-тина минути додека ленот да направи скробна, слузава смеса.

Истовремено измијте еден компир и изрендајте го со кора. Исто така, изрендајте и една главица црвен кромид.

Кога водата со лененото семе ќе излади, додадете го компирот и кромидот па сето добро измешајте го. Исцедете ја вишокот течност.

Ако станува збор за проблеми со прстите или нозете, односно на петата, ставете ја смесата во стари ракавици или чорапи, па фиксирајте со најлонски кеси за да не протекува течност од облогата.

На други делови од телото како што се колкови, грб, ребра, колена и сл. смесата прво ставете ја на газа а потоа обложете го болното место. Фиксирајте со завој и проѕирна фолија.

Облогата треба да делува преку ноќ, наутро се фрла а болното место се мие со сапун и вода.

Ако местата се видни а кромидот ви ја иритира кожата и ви предизвикува црвенило, кожата претходно намачкајте ја со вазелин, маслиново масло или некој масен крем.

Заедно со секојдневните облози треба да се пие и рибино масло за делување од внатре.

Овој рецепт иако не доаѓа од нашите краишта, се надоврзува на традицијата која кај нашите народи е позната одамна, во вид на облога од кромид и компир за различни воспалителни состојби.