Може да се послужат како предјадење, прилог со главното јадење или за вечера, превкусни се!

Потребни состојки: 3 пиперки поголеми, 200 г сирење ситно издробено, 50 г сланина ситно сечкана, 1 јајце, 50 г кајмак/кисела павлака, 1 лажица сисам, 1 лажица ленено семе и масло за наросување

Постапка за приготвување: Пиперките исечете ги надолжно на половина, така да добиете “чамци” и исчистете ги од семките.

Сирењето ситно издробете го и со виљушка спојте го со кајмакот. Пробајте за сол, па доколку сирењето не е солено – посолете.

Потоа скршете јајце па и него промешајте го, па додадете ги семињата и ситно сечканата сланина.

Добро изедначете ја смесата па полнете ги пиперките.

Одозгора наросете малку масло и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или во зависност од вашата рерна.