Фото и рецепт: Босилка Николиќ

Ова е многу брзо јадење, го приготвувам од состојки што ги имам дома, за појадок, ручек или вечера…

Потребни состојки:

Неколку парчиња леб
1-2 лажици доматен сос за секое лепче
1-2 лажици рендана шунка, салама..
1-2 лажици рендан кашкавал
1 лажица пченка од конзерва
Оригано, црн пипер, зачини по вкус

Постапка:

Парчињара леб ги премачкувам со доматен сос, врз тоа ставам рендана шунка, салама, печеница…

Одозгора редам рендан кашкавал и малку пченица во зрно од конзерва…
Наросувам со оригано или зачини по вкус.

Ги печам во загреана рерна на 200 степени додека да се растопи кашкавалот. И толку, тоа е тоа!

Фото и рецепт: Босилка Николиќ