Многу вкусна галета или пица со тиквички!

Потребни состојки за тесто:

160 г брашно
Прстофат сол
110 г ладен путер
60 мл кисела павлака
2 мали лажички лимонов сок
60 мл ледено студена вода

За фил:

1 голема тиквичка
100 г свежо сирење
2 лажици маслиново масло
1-2 чешниња лук
120 мл кисела павлака (остатокот од чашката)
30 г пармезан
1 топче моцарела
Сол, пипер, босилек

Останато: 1 жолчка за премачкување

Постапка:

За тестото: Во мултипрактик измешајте брашно и малку сол. Додадете на листови исечен студен путер и измешајте.

Потоа додадете кисела павлака, вода и лимонов сок, па пулсирачки мешајте додека состојките да се соединат и тестото да се обликува во топка.
Сето ова може убаво и рачно да се замесе.

Топката тесто завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете ја да отстои еден час во фрижидер. Рерната вклучете ја на 200 степени.

Додека тестото се лади во фрижидер, направете го филот.

Тиквичките измијте ги и исечете ги на тенки тркалца. Наредете ги на книжна салветка, посолете ги одозгора, и оставете ги 15-тина минути да ја пуштат водата.

Потоа од горната страна нежно потапкајте ги со друга салфетка за да ја впиете влажноста.

Лукчето истолчете го па измешајте го 1 лажица маслиново масло.

Во еден сад измешајте: свежо сирење, кисела павлака, пармезан, на коцки исечена моцарела, 1 лажица маслиново масло со лукче, босилек, сол и црн пипер.

Тестото извадете го од фрижидер и на побрашнета работна маса развлечете кора во круг со дијаметар од 30 центиметри. Плехот од рерната обложете го со хартија па во него пренесете ја кората.

На тестото нанесете ја смесата со сирење, па лесно со лажица размачкајте, оставајќи по 2-3 см празен простор на рабовите.

Врз сирењето наредете тркалца од тиквичка, започнувајќи од средината кон краевите, во круг.

Поросете маслиново масло (1 лажица) па преклопете ги рабовите на тестото. Жолчката изматете ја па со неа премачкајте ги рабовите (можете да наросите и сусам).

Печете околу 35 минути додека да порумени. Оставете малку да излади, па сечете на парчиња.