-Постојат бројни причини зошто оваа билка со посебна арома и лековити состојки, треба почесто да се наоѓа на нашата трпеза.

Според прехрамбените и лековитите својства, пашканатот спаѓа во највредните градинарски култури. Ја подобрува работата на бубрегот, а како диуретик делува и врз работата на срцето, белите дробови и црниот дроб.

Го регулира крвниот притисок, ги јакне ѕидовите на крвните садови и срцето, ја регулира нивната работа а помага и за брзо ослободување од целулитот.

Во конвенционалната медицина не е призната неговата лековитост, иако алкалоидот пастинацид (во сите делови од билката) во поедини земји се користи против неуроза, немир и несоница, грчеви во желудникот и цревата, за подобро варење.

Покрај тоа, го засилува потењето и на тој начин ја намалува телесната температура. Се покажало дека редовното консумирање на мешавината од пашканат и праз во облик на густа супа, ја намалува телесната тежина.

Кај пашканатот не е употреблив само коренот, туку и другите делови кои имаат специфичен мирис и вкус. Ароматичноста потекнува од етеричното масло кое најмногу го има во плодовите. За жал, не е доволно искористено, бидејќи главно се користи како додаток за подобрување на вкусот на супите и чорбите.

Според енергетската вредност, 100 грама пашканат одговара на 100 мл млеко. Содржи најмногу јаглени хидрати, па белковини, органски киселини, а масти само околу 0,4 проценти, како и останатиот коренест зеленчук.

Сепак, се издвојува по високата содржина на минералните состојки: најмногу има калиум, што е од посебно физиолошко значење. 

Калциум и фосфор има во еднаква мера, а богат е и со магнезиум и сулфур, железо и бакар. Натриум има многу малку, па е одлична диетална намирница. Кога станува збор за витаминскиот состав, најмногу има витамин Ц, Е и бета каротен.

Против дебелина

Ако густата супа од пашканат и праз се јаде подолго време, нејзиното диуретско делување значително ќе влијае врз намалувањето на телесната тежина. Истовремено, ќе помогне и во побрзо ослободување од целулит.

Германските домаќинки го толчат семето од пашканат во аван, па го чуваат во тегла. Го користат како здрав и вкусен зачин за приготвување на зелена салата, од краставици или домати , но и јадења од тиква, кисела зелка…

Помага кај витилиго

Традиционалната медицина препорачува чај од семе од пашканат за лекување на витилиго (бели дамки на кожата поради отсуство на пигмент). Чајот се приготвува на следниот начин: една мала лажичка семе од пашканат се прелива со 200 мл зовриена вода, се поклопува и се остава еден час, по што се процедува.

Се пие 4 пати во денот по една чаша.
После еден месец се прави пауза од една седмица, а потоа се продолжува со терапијата. Лекувањето на витилигото е долготрајно, тврдат народните лекари, па потребни се најмалку 7 месеци. Со консумирање на чајот треба истовремено да се премачкуваат и депигментираните површини.

ПРЕДУПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Листот на пашканатот е фототоксичен, па при берење, допирот со него и изложување на сонце не се препорачува!