Фото и рецепт: Зорка Јанчева
Потребни состојки:
2 пакувања готови кори
1 калап сирење издробен и помешан со
3 јајца
За премачкување на корите:
-масло
-газирана вода
-малку прашок за печиво
Постапка:
За секој ролат се редат по три кори, а секоја кора се пропрскува со мешавината од масло, газирана вода и прашок за печиво.
Врз третата се става фил од сирење, па се витка во ролат. Вака се повторува постапката додека да се потрошат сите состојки.
Ролатите со сирење се редат во намастен плех, се засекуваат и одозгора се попрскуваат уште еднаш со преливот. Се сече на парчиња со големина по ваша желба.
Се става на печење во загреана рерна на 200 степени, околу 20-30 минути, додека да фати убава боичка.
Фото и рецепт: Зорка Јанчева