Таратур е салата од свежи краставички со кисело млеко или кисела павлака и лукче. Во разни варијанти, таратур салатата е најзастапената салата на балканот.

Потребни состојки:

2 краставици
200 мл кисело млеко или кисела павлака
2-3 чешниња лук
Сува или свежа мирудија

Постапка:

Исчистете две краставици, излупете ги од кората, па исечкајте ги на тенки тркалца или коцки. Посолете ги и почекајте малку да омекнат. Исцедете го сокот што ќе го испуштат.

Краставиците измешајте ги со шолја кисело млеко или 200 мл кисела павлака. Додадете ситно сечкан лист од копар/мирудија/оригано и ситно сечкано лукче по вкус.

Салатата се послужува добро изладена, а по желба може да се додадат си ситно, ситно сечкани лути пиперчиња.

таратур