Престојувате во топла средина, на целото тело ви е пријатно, освен на вашите стапала и дланки. Причината за студенило во вашите ектремитети би можеле да ја пронајдете во некоја од овие 10 здравствени состојби:

1.Рејнова болест

Ова е состојба при која крвните садови на прстите (понекогаш нозете, ушите, носот) се стеснуваат поради ниски температури или емоционален стрес. Така, во овој случај прстите се бели па дури и сини, бидејќи во нив нема доволно крв.

Во повеќето случаи не е познато зошто се јавува ова нарушување, но се препознава по студените и потечени прсти кои привремено можат да бидат вкочанети.

Добрата вест е дека оваа состојба е само непријатна, но не е штетна.

2. Автоимуно заболување



Автоимуното заболување е нарушување при кое имунолошкиот систем го напаѓа сопственото ткиво поради несоодветен имунолошкиот одговор на телото на одредени супстанции во него.

Звучи сериозно и страшно, и навистина е така, па затоа ако забележите симптоми како што се Рејновото заболување, мора веднаш да направите тестирање.
Кога симптомите ќе се забележат на време, болеста може да се држи под контрола без никакви здравствени последици.

3.Хипотироидизам

Не е невообичаено да имате ладни раце и нозе при проблеми со тироидната жлезда. Оваа жлезда функционира како термостат во телото.

Кога е успорена нејзината активност, многу телесни функции успоруваат, па се јавуваат симптоми како што се: замор, дебелината и сеприсутно чувство на студенило.

Оваа состојба е заедничка за луѓето постари од 50 години.

4.Слаба циркулација



Повеќето луѓе мислат дека тоа е главната и единствена причина за ладни раце или нозе. Слаба циркулација се јавува кога протокот на крвта е намален поради лошата работа на срцето.

Кога крвта циркулира низ телото како што треба, сосема е нормално да се чувствува мало студенило во рацете и нозете, па дури и отокот и вкочанетоста се чест симптом, бидејќи рацете и нозете се најдалеку од срцето.

5.Анемија

Анемија се јавува кога телото нема доволно црвени крвни зрнца или хемоглобинот е на ниско ниво. Како резултат на тоа, телото не се снабдува со доволно кислород, а тоа може да предизвика ладни раце или нозе.

Анемијата може да се случи и поради недостаток на железо во исхраната, ненадејна загуба на крв (менструација кај жените), чирови, одредени видови на рак…

6.Недостаток на витамин Б12

Витаминот Б12 кој се наоѓа во црвеното месо, преработките од месо, јајца, млеко и млечни производи е важнен за создавање на црвените крвни зрнца.

Дефицитот на овој витамин води до нивно намалување.

Едноставен тест на крвта може да открие дали имате недостиг на витамин Б12 па поради тоа постојано имате ладни раце.

7.Низок крвен притисок



Нискиот крвен притисок се јавува поради дехидрација, загуба на крв, употреба на некои лекови или ендокрини заболувања.

Кога крвниот притисок е низок, крвните садови ја насочуваат крвта од екстремитетите кон виталните органи, оставајќи ги прстите студени.

Ако имате низок притисок проследен со заматен вид, замор, гадење, слабост и конфузија, треба да се консултирате со вашиот лекар.

8.Стрес

Стресот може да предизвика многу нарушувања во телото, па така ниту студените раце или нозе не се исклучок. Кога сте под хроничен стрес, се лачи адреналин и кортизол кој ги стега крвните садови во екстремитетите, а тоа пак доведува до ладни раце и нозе.

9.Лекови

Постојат многу лекови кои ги стегаат крвните садови, особено артериите, па кога ќе се случи тоа, резултатот е Рејново нарушување.

10.Пушење

Ако немате доволно добри причини да престанете со пушењето, тогаш ова додадете го на листата. Никотинот од цигарите предизвикува контракција и стеснување на крвните садови.