Јуни е месецот на вишните, а доколку ги сакате колачите, сирупот и питите со ова киселкасто овошје, тогаш сигурно сакате да го дознаете начинот со кој ќе можете да ги сочувате неговите плодови во што посвежа состојба.
Ова е еден од рецептите со кој на најдобар можен начин ќе ги сочувате вишните за зимно време. Ова е рецептот според кој јас ги приготвувам вишните во тегли, барем 20 години најмалку, и кој се покажал најпрактичен, а сум испробала повеќе варијанти.
Замрзнувањето на вишните се разбира дека е најздравиот начин, но тогаш би ми биле потребни два фрижидери за замрзнување за целото овошје и зеленчук кои сакам да ги замрзнам и да ги имам за зимно време.
Вака во тегли ги чувам долго време без да се расипат, не трошат струја ниту ми зафаќаат многу простор. За сите кои сакаат да ги сочуваат овие плодови во тегла, нека си го запишат овој рецепт, според мене најдобриот. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 кг вишни – исчистени од петелки и извадени семки, 2 кесички конзерванс (обично оди една кесичка на 5 кг плодови) и 10 тегли – измиени, избришани и со добри капаци, без рѓа на нив.
ПОСТАПКА: Вишните измијте ги, исчистете ги од петелки и семки, измешајте ги со конзерванс и оставете ги 24 часа да отстојат во широко тенџере или поголем лонец. Може да ги оставите и во кујна на собна температура, не е проблем.
*Петелките сочувајте ги ако сакате да си приготвите од нив природен лек кој помага во прочистување на бубрезите:
Против песок и камења во бубрезите: истурете една лажичка листови и стебленца од вишна или цреша во 200 мл зовриена вода и варете 1 до 2 минути, оставете да отстои 5 минути, потоа процедете и пијте трипати на ден, секако, со консултација на вашиот лекар.
После 24 часа ќе забележите дека вишните отпуштиле сок. Пакувајте ги во теглички колку плодови може да се соберат, но ги стегајте за да останат целосни, па прелијте ги со сокот кој го отпуштиле. Добро затворете ги со капак и тоа е сè!
Вака оставените вишни може да се користат и за колачи и за сос, а ќе ја задржат својата цврстина и боја и после една година, а ќе бидат секогаш подготвени да ги пробате. Оние што го одбегнуваат конзервансот, нека користат лимонов сок или лимонтос, а теглите нека ги пастеризираат, рецептот прочитајте го ОВДЕ.