Почнав да го приготвувам за различни слави, но толку ни се допадна што често го правам и за редовен ручек. Пробајте, многу е вкусно!
Потребни состојки:
1 пакување обланди
3х250 г крем сирење
200 ситно сирење
150 г мајонез
3 мали чаши од 180-200 мл кисела павлака
400 г кашкавал
500 г тенко сечена шунка
за наросување:
50 г сусам
50 г ленено семе
Постапка:
Крем сирењето, ситното сирење, мајонезот и киселата павлака добро измешајте ги. Кашкавалот изрендајте го во посебен сад. Врз тацна (за која сме провериле дека влегува во фрижидер) ставаме една обланда, така што мазната страна да биде долу.
Премачкуваме врз рапавата страна со смеса од сирење, павлака и мајонез, распоредувајќи така да ни остане за четири премачкувања помеѓу 5 обланди, со тоа што помеѓу секоја, двапати се премачкува за добро да се залепат обландите.
Исто така, треба да остане и за тенок слој одозгора, за да може и горната обланда да омекне.
Шунката ја делиме на четири дела за подоцна да немаме проблем (долу полно а горе празно).
Врз премачканата обланда наросуваме рендан кашкавал, па ставаме ред шунка, па во тенок слој ја премачкуваме шунката со фил за да може да се залепи следната обланда. Понатаму се повторува постапката со сите обланди, еднинствено само петата ја премачкуавме многу тенко одозгора.
Сусамот пропржете го малу и измешајте го со лененото семе. Со оваа мешавина густо наросете ја обландата за декорација и дополнителен шмек.
Обландата се става во фрижидер до следниот ден за да омекнат корите. Потоа сечеме и сервираме.
Вака приготвените обланди се вистинска работа за свечени пригоди, лесни се за јадење и убави за сервирање. Пробајте и уживајте!