Потребни состојки:
8 белки
8 лажици шеќер
8 лажици брашно
и уште 200 мл врело млеко
за крем:
8 жолчки
5 лажици остро брашно
500 мл млеко
2 ванилин шеќер
250 г путер/маргарин
500 г јагоди
3 шлаг пени
Постапка:
Изматете ги белките со шеќерот и додадете брашно. Лесно измешајте и излејте во плех обложен со хартија и ставете да се пече 20 минути на 180 степени. Изладете ја кората, одлепете ја од хартијата и прелијте ја со врело млеко.
За крем: изматете ги жолчките со шеќер, додадете брашно и 100 мл млеко и добро измешајте да нема грутчиња. Преостанатото млеко ставете го на оган да зоврие заедно со ванилин шеќер, па додадете ги приготвените жолчки и сварете ги исто како пудинг.
Во млакиот крем додадете путер и добро изматете. Шлагот направете го според упатството.
Редете: кора, крем, во кремот густо втиснете јагоди и на крај шлаг.