НУСПРОДУКТ НА ХЕМОГЛОБИНОТ
Кај деца и возрасни, покачен билирубин може да биде последица на одредена состојба или болест. Возрасни луѓе со зголемен билирубин во крвта обично имаат проблем со црниот дроб или жолчната кеса, а може да биде знак и за посериозна болест.
Кога црвените крвни зрнца ќе остарат, хемоглобинот во нив се разградува и произведува нуспродукт кој се нарекува билирубин. Додека билирубинот патува низ нашиот органски систем, црниот дроб поголемиот дел од него го претвора во жолчен сок, а потоа го чува или во жолчната кеса или го елиминира преку столицата. Меѓутоа, мала количина билирубин останува да циркулира во крвта.
Нормалното вкупно ниво на билирубин во крвта изнесува од 0,3 до 1,9 милиграм по децилитар, додека нормалното директно билирубинско ниво изнесува од 0 до 0,3 милиграм по децилитар.
Постојат многу видови болести кои можат да предизвикаат високо ниво на билирубин, како што се камења во жолчна кеса, болести на црниот дроб или црвените крвни зрнца.
Причините за ова кај возрасни луѓе може да варираат, а најмногу се сведуваат на болести на црн дроб, жолчни патишта и жолчна кеса и хемолитична анемија. Исто така, високо ниво на оваа супстанција може да биде причинета од извесни лекови и реакција на трансфузија.
1.БОЛЕСТ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Вообичаено е нашиот црн дроб да го претвора билирубинот во растворена состојба која може да се елиминира од нашиот организам. Меѓутоа, ако овој орган не функционира како што треба, неминовно доаѓа до зголемување на билирубинот во нашиот организам. Здравствените состојби како што се вирусен хепатитис, цироза или Гилбертов синдром може да влијаат врз зголемено ниво на билирубин.
2.БОЛЕСТ НА ЖОЛЧНИ КАНАЛИ И ЖОЛЧНА КЕСА
Ако патите од состојба која ги блокира или оштетува жолчните канали, најверојатно имате покачен билирубин во крвта. Холестаза се јавува кога има намален проток на жолчка поради намалена секреција или блокиран жолчен канал. Останатите состојби кои може да предизвикаат зголемување на билирубинот се камен во жолчка, како и тумори на жолчна кеса, панкреас или жолчен канал.
3.ХЕМОЛИТИЧНА АНЕМИЈА
Состојбата која се нарекува хемолитичка анемија може да предизвика вашите црвени зрнца да изумираат прерано. Оваа состојба може да доведе до поголема разградба на еритроцитите, со што се покачува нивото на билирубинот. Постојат неколку услови кои придонесуваат за оваа состојба, а тука спаѓаат лупус, српеста анемија, лимфом или леукемија.
4.ЛЕКОВИ
Некои лекови може да бидат причина за несакани ефекти кои доведуваат до високо ниво на билирубин. Лековите кои влијаат врз функцијата на црниот дроб или врз лачењето на жолчката, може да го покачат билирубинот во крвотокот. Исто така, постојат и лекови чија голема доза може да го оштети црниот дроб и на тој начин да го зголемат ова ниво.
5.РЕАКЦИЈА НА ТРАНСФУЗИЈА
Можно е да имате алергиска реакција во текот на трансфузијата на крвта, со што се активира имунолошкиот систем и се започнува со уништување на еритроцитите кои сте ги добиле со трансфузијата. Кога ова ќе се случи, поголема количина еритроцити се разложуваат и се создава голема количина на билирубин.
СОВЕТИ:
-Јадете високо хранливи намирници кои поттикнуваат енергија и му помагаат на црниот дроб да ги елиминира токсините од крвта: риба, мешунки, месо од живина, овошје, интегрални житарки, маслиново масло и млечни производи.
-исхрана со намирници кои се богати со растителни влакна помага за регенерација на црниот дроб. На мажите им се препорачува дневна доза од 35 г влакна, а за жени околу 25 г.
-црвен зеленчук и овошје кое природно е богато со ликопен, силен антиоксиданс кој му годи на црниот дроб. Готвен домат или салца имаат најмногу ликопен, до 6000 микрограми по порција. Останати богати извори на ликопен се црвена пиперка, лубеница, гуава, цитрон и папаја.
-да се ограничи консумација на нездрава храна која содржи лоши масти и шеќер. Да се одбегнува пржена и брза храна, газирани напитоци и благо. Покрај тоа, да се ограничи внесот на сол и консумација на алкохол.
-Јачменот е житарица која може да помогне кај покачен билирубин, бидејќи делува како природен диуретик.
-Куркумата е зачин кој помага во детоксикација на црниот дроб, а со тоа помага и во елиминација на билирунот од организмот.
-како природен противотров, ѓумбирот може да го заштити црниот дроб може да му помогне во правилно функционирање, а со тоа да се намали покачениот билирубин.
-Ротквиците се исто така природен противотров и одлични се кај проблеми со зголемен билирубин во крвта.