Ова јадење е одлично за секој празник, свечен ручек, како мезе кога ви доаѓаат гости… убаво ќе го насечкате, по желба ќе наредите млад компир и заедно ќе го испечете, па ќе ви остане само да ја приготвите салатата.

Потребни состојки:

1 бут од 2 кг

1,5 компири доколку одлучите да правите и прилог

100 мл масло

300 мл вода

Сол не ви е потребна, па дури ниту за компирот, бидејќи месото веќе е солено. Можете да додадете само некои зачини како магдонос, босилек или рузмарин за компирот.

Постапка:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Бутот измијте го убаво и засечете го по желба, не мора.

Ставете го пекач со капак или во огноотпорен сад, глинен, керамички… или едноставно ако немате капак, покријте со алуминиумска фолија. Околу бутот наредете компир пресечен на половина или четвртинки, зависи од величината, а ако е млад и ситен, не мора да го сечете.

Залијте го компирот со вода, масло и додадете зачини по желба. Поклопете и оставете еден час да се пече. Потоа тргнете го капакот и компирот внимателно промешајте го за рамномерно да се запече. Повторно поклопете и печете уште 30 минути.

Доколку сакате реш печено, тргнете го капакот и допечете уште малку додека да фати коричка по желба. Исечете на парчиња или ленти, па послужете со компир и салата.