Постојат преку 200 видови тегавец, но ние најчесто се среќаваме со оние кои имаат широк и тенок лист, односно женски и машки тегавец.
Примената на тегавецот е многу голема. Се користи како храна, за салати, како додаток во намази, како чај и сируп, но најпозната е како лековит сојузник. Листот на тегавецот содржи танин, пектин, лимонска киселина, фитонциди против бактерии и витамин Ц во големи количини.
Што лекува?
Тегавецот е одличен лек против кашлица, астма, па дури и туберколоза. Покрај тоа, оваа лековита билка лекува крв, бели дробови и желудник, па добра е за луѓе кои патат од анемија или имаат лоша крв, слаби бели дробови и бубрези, како и за оние кои имаат слаб апетит. Тегавецот е добар за лекување за сите видови рани, гребаници, посекотини, убоди од оса и др.
Ако ставате лист од тегавец во чевли, можете да лекувате калуси, тврдо месо (жуљеви), а во фитокозметиката се користи за лекување на акни и митесери.
ПРОВЕРЕНИ РЕЦЕПТИ – За подобро варење и чир на желудник:
Потребни состојки:
300 г лиест од тегавец
1 кг ливадски мед
Постапка:
Измијте ги листовите и оставете да се исушат на хартиена салветка. Потоа сомелете ги на мелница за месо. Промешајте со ливадски мед и теглата оставете ја да отстои преку ноќ.
Совет: прво сомелете ги листовите, па според просторот што ќе го зафатат во теглата, дотурете толку мед. Се добиваат околу две тегли од 680 мл мешавина.
Може да се користи за лекување на: чиреви, кашлица, зараснување на рани…
Употреба: по една супена лажица пред оброк, 2-3 пати дневно. Се чува во фрижидер. Постапката може да се повтори уште еднаш наесен.