Домашен балсам за испукани раце со подмладувачки ефект

Ако имате сува и испукана кожа на рацете, направете си го овој домашен балсам. Ефектот е одличен: за 3-4 денови кожата на рацете станува мека, еластична, испуканата кожа заздравува без лузни и дамки веќе за 3-4 денови.

Во 1 литар вода растворете 2 лажици морска сол. Во овој раствор киснете ги рацете 10-тина минути. Не ги бришете рацете, туку нежно со печкирот тапкајте ги за да ги исушете. Потоа на рацете нанесете балсам.

Рецепт за балсам:

3 свежи жолчки

3 супени лажици мед

3 супени лажици масло (маслиново, бадемово, ленено)

Постапка:

Измешајте ги добро сите состојки. Нанесете на чисти суви раце.

Вака намачкани рацете нека отстојат 20-30 минути. Потоа повторно измијте ги со вода и намачкајте хидрантен крем. Балсамот можете да го користите 2-3 пати дневно. Рок на траење 5 дена во фрижидер. Потоа мора да направите нова смеса.

Резултатите се видливи после неколку денови. Пукнатините и нерамнините исчезнуваат, а кожата на рацете станува мека, мазна и еластична.

Loading...