Многу жени, иако се добри домаќинки, не умеат секогаш да направат добар бешамел сос. Ова е навистина добар рецепт.
Потребни состојки:
2 чаши полномасно млеко
4 супени лажици брашно
Кромид исечен на поголеми парчиња
Ловоров лист
4 лажици путер
Постапка:
Ставете го путерот да се растопи, па додадете го кромидот и ловоровиот лист.
Сето пропржете го па додадете го брашното и мешајте на тивок оган додека да стане смесата мазна без грутки.
Постепено додавајте го млекото со постојано мешање.
Додавајте млеко додека да ја добиете саканата густина. После тоа, процедете и послужете.