Како да го неутрализирате непријатниот здив поради лукот

Вистина, некои јадења не можат да се замислат без лук, а не треба да се занемарат ни неговите здравствени придобивки. Меѓутоа борбата со лошиот здив поради лукот е сосема друга приказна.

Што треба да се направи по тоа прашање?

Според зборовите на експертите, при консумирање на лукот, нашето тело произведува гасови кои содржат сулфур, а непријатниот здив всушност доаѓа од стомакот а не од устата.

Еве што можете да направите за да го неутрализирате овој лош здив:

ЈАДЕТЕ СЕНФ

За ублажување на непријатниот здив после јадење лук, земете едно лажиче сенф па држете го во устата околу една минута пред да го голтнете.

ПИЈТЕ ТЕЧНОСТИ

Пијалаците како што се лимонада, вода или млеко можат да помогнат при непријатниот здив предизвикан од лук. Едно истражување покажало дека пиењето млеко пред и за време јадењето лук го намалува непријатниот здив.

ЈАДЕТЕ ХРАНА СО ОСВЕЖУВАЧКИ МИРИС

Зачинските билки како што се свежиот магдонос и нане можат значително да помогнат во неутрализацијата на непријатниот здив. Џвакајте го долго свежиот магдонос, а исто така, може да помогне и семето од кардамом, анасон и каранфилче.

ПИЈТЕ ЧАЈ

Чајот, а особено зелениот или од нане, содржи полифеноли кои ги намалуваат сулфурните соединенија кои ги создава лукот. Затоа, пијте вакви чаеви за време и по консумацијата на лукот.

ЏВАКАЈТЕ ЗРНА КАФЕ

Џвакањето зрна кафе помага во намалувањето на непријатниот здив по јадење лук.

ЛИМОН

Лимонот е многу ефикасен затоа што содржи антибактериски својства. Лимонот го отстранува непријатниот мирис и од рацете по чистењето на лукот.

ИЗМИЈТЕ ГИ ЗАБИТЕ

И не само забите: после јадење на лук убаво исчеткајте ги и забите и јазикот.

ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ

Освен што аромата на гумата за џвакање ќе помогне во освежување на здивот, исто така ќе поттикне и ослободување на повеќе плувачка која е клучот за ослободување од непријатниот здив.

ВОДИЧКА ЗА ИСПИРАЊЕ НА УСТАТА

Доколку мака мачите со непријатниот здив, земете водичка за испирање на устата.

Loading...