Ароматично предјадење кое можете да го приготвите за само неколку минути!
Потребни состојки:
8 варени јајца
200 г сирење
5 лажици мајонез
4 чешниња лук
Постапка:
Сирењето убаво издробете со вилјушка.
Јајцата изрендајте ги и додадете ги во сирењето.
Лукчето ситно исечкајте го/изрендајте го/истолчете го.
Сите состојки убаво измешајте ги и спојте ги со мајонез.
Вадете топки со лажица и украсете со свеж магдонос.
Постапката можете да ја видите на видеото: