Колку и да се трудите, тестото некогаш не ви “излегува” онака како што сте се надевале. Па, со овие мали трикови повеќе ќе го немате тој проблем.
1.Пред да започнете да правите било какво тесто, извадете го путерот и јајцата од фрижидер и оставете ги некое време на собна температура. Ова важи за сите продукти, а некои дури и брашното малку го загреваат.
2.Не претерувајте со количината на прашокот за печиво или квасецот, бидејќи постои можност тестото да нарасне премногу и да распука.
3.Тестото секогаш ставајте го во загреана рерна за печење, бидејќи сите теста со прашок за печиво и квасец тоа го “бараат”. Потребен им е брз налет на врел воздух.
4.И за крај, најголемата тајна на искусните домаќинки: Во секое тесто ставете една супена лажица јаболкова киселина, а резултатот ќе ве восхити!