Боровинката треба редовно да се јаде бидејќи претставува природен аспирин кој ублажува болки, ја разредува крвта и спречува воспаленија – раскажува Зоран Јеленковиќ, економист по професија, но и билкар кој повеќе од 30 години се занимава со собирање и проучување на лековитите билки.
Еве што содржат боровинките:
-Сините и виолетови пигменти го подигаат нивото на витамин Ц во организмот, ја зголемуваат еластичноста на лапиларите, ги неутрализираат слободните радикали, спречуваат уништување на колагенот, ги штити мозокот од пропаѓање.
Научниците сметаат дека боровинките можат да го успорат процесот за губиток на памтењето поради старост и пад на моторните способности.
-Витамините Ц, Е, Б2 и Б3: Витамин Б3 ја помага работата на дигестивниот тракт, придонесува за здравје на кожата, на нервните клетки, крвните садови и го намалува штетниот холестерол (ЛДЛ) и триглицеридите, а го зголемува нивото на добриот холестерол (ХДЛ).
-Катехин, кој го активира генот за согорување на мастите во клетките од салото на стомакот. Според истражувањата од Универзитетот во Туфтс, редовниот внес на катехини го зголемува губитокот на салото на стомакот за 77%
-Големи количини кверцетин, кој го намалува ризикот од алергии.
-Железо, магнезиум, манган и калиум.
ЧАЈОТ ЛЕКУВА ДИЈАБЕТЕС
Чајот од боровинки е одличен за дијабетичари, објаснува Зоран. Тој се прави од суви врвови млади гранчиња во цвет, додека на нив има смола.
Гранчињата се сушат на провев, на темно место, а процесот трае 15 денови.
Сувите плодови од боровинка ги содржат сите особини на свежите бобинки ако процесот на сушење е изведен правилно, а тоа значи на температура до 40 степени.
Смрзнатата боровинка е исто така добра, а за да ги сочува својствата не смее да биде длабоко замрзната.
Ако добро е сочувана, здрава е и во колачи и во пити.