Home Нутриционизам Нутриционистите велат дека оваа билка вреди колку злато: Добра е за срцето...

Нутриционистите велат дека оваа билка вреди колку злато: Добра е за срцето и мозокот, ја негува кожата и помага при контрола на тежината

Чистото, горчливо какао сè почесто се споменува во нутриционистичките кругови како една од најкорисните растителни намирници во секојдневната исхрана.

Богато со антиоксиданси, флаваноли и есенцијални минерали, тоа има директно влијание врз работата на срцето, мозокот, кожата и општото чувство на енергија и виталност.

Иако за многумина какаото ги асоцира на засладени инстант-напитоци, вистинската нутритивна вредност се наоѓа исклучиво во 100% чистото, горчливо какао, без додаден шеќер и адитиви.

Токму тука настанува најчестата заблуда – индустриските мешавини речиси и да не ги содржат активните соединенија поради кои какаото се смета за суперзачин.

Потекло и нутритивна моќ

Какаото потекнува од Централна и Јужна Америка и минува низ прецизен процес на ферментација, сушење, пржење, мелење и пресување.

Само при минимална обработка се зачувуваат биолошки активните материи кои го штитат организмот од оксидативен стрес и поддржуваат здрави клеточни функции.

Според нутриционистите, флаванолите од какаото го подобруваат протокот на крв, придонесуваат за одржување на нормален крвен притисок и имаат антиинфламаторно дејство.

Ова директно се поврзува со подобро кардиоваскуларно здравје, но и со поефикасна мозочна циркулација.

Подобриот проток на крв значи подобра концентрација, појасен фокус и постабилна ментална енергија“, истакнуваат нутриционистите.

Влијание врз расположението и дишењето

Какаото природно содржи фенилетиламин и триптофан – соединенија кои го поттикнуваат создавањето на серотонин и ендорфини.

Затоа чувството на подобрено расположение по консумирање чист какао не е случајност, туку резултат на јасно дефинирани биохемиски процеси.

Дополнително, теоброминот и теофилинот, присутни во какаото, имаат благ стимулативен ефект и можат да придонесат за олеснето дишење, што е причина зошто какаото често се споменува и во контекст на респираторната поддршка.

Какао и контролата на телесната тежина

Кога станува збор за исхрана и тежина, чистиот какао може да биде корисен сојузник.

Тоа придонесува за побрзо чувство на ситост и може да ја намали желбата за слатко.

Истражувањата покажуваат дека темната чоколада со висок процент на какао често се поврзува со пониски BMI-вредности, кога се консумира умерено и во рамки на балансирана исхрана.

Како да го користите какаото секој ден

Какаото е исклучително практично за секојдневна употреба. Може да се додава во смути, протеински шејкови, овесна каша, да се посипе врз овошје или да се користи во домашни десерти, пудинзи и филови. Подеднакво добро функционира и во топла и во ладна варијанта.

Важно е да се внимава на времето на консумирање. Поради природните стимуланси, не се препорачува во доцните вечерни часови, особено кај лица чувствителни на кофеин.

Препорачаната дневна количина е околу 20 грама, што е доволно за да се искористат придобивките без оптоварување на организмот.

Кога еднаш ќе се навикнете на вкусот на чистото какао, засладените индустриски производи стануваат непотребни. Тогаш станува јасно зошто оваа билка со векови се смета за вистинско „растително злато“ во светот на исхраната.