Болки во грбот и вкочанетост после настинка од провев или подигање терет ги мачат голем број луѓе на планетата, а во Русија измислиле креативен лек кој помага.
Многумина сметаат дека овој третман е чуден, бидејќи подразбира цртање на мрежа по грбот со јод!
Имено, памукчето од стапче за уво се натопува во јод и на гола кожа на грбот се цртаат прво надолжни линии (доволни се шест), а потоа и попречни, да добиете еден вид шаховска табла.
Во Русија се верува дека ваквиот третман со јод ја стимулира циркулацијата и ја задоволува потребата на организмот за овој важен минерал.
Кога нанесениот јод ќе се исуши, се облекува памучна маица и се мирува во угодна положба која најмногу одговара за грбот.
Поедини експерти сметаат дека ваквиот третман функционира по принцип на плацебо ефект, кој сигурно не може да штети, а многумина истакнуваат дека им помогнало.