Навремено наберете си цвет од бозел!

Бозелот е богат со антиоксиданси кои ги штитат нашите клетки од оксидативен стрес.

Луѓето одамна го користеле за лекување на разни тегоби – воспаленија, грип, дигестивни пречки, проблем со кожа, задржување на вода во телото (одличен диуретик), за јакнење на имунитетот, чистење на телото од токсини…

Бозелот е богат со флавоноиди, антиоксиданти за кои е познато дека ги штитат нашите клетки од пропаѓање, а со тоа и од разни заболувања.

Цветовите од бозел берете ги во текот на суво и убаво време, а пред употреба одвојте ги малите гранчиња со цветови – така ќе ви заземаат помалку место во садот за приготвување или помалку простор за сушење, а ионака се важни само цветовите.

Мед од бозел

Теглата наполнете ја со цветови од бозел, па залијте ги со домашен мед. Малку промешајте, затворете ја теглата и оставете да отстои на собна температура три до седум денови.

Потоа процедете го медот (не преку газа, туку преку цедалка). Она што ќе го добиете е мед со многу интензивен вкус на бозел кој можете да го додавате во чај, лимонада или така да го јадете.

Медот од бозел може да стои долго, додека не го потрошите.

Напомена: она што ќе ви остане во цедалката ставете го во половина литар вода (или повеќе, во зависност од количината), така што заостанатиот мед на цветовите ќе се растопи, па повторно процедете. Ќе добиете освежителен напиток во кој може да додадете само малку лимонов сок.