Home Диети Никогаш нема да ослабете ако на телото му недостигаат овие два минерала

Никогаш нема да ослабете ако на телото му недостигаат овие два минерала

Колку и да се трудите со диети, броење калории и одрекување од благо, слабеењето може да биде речиси невозможно ако на телото му недостигаат одредени минерали.

Нутриционистите предупредуваат дека дефицитот на хром и цинк директно влијае врз апетитот, желбата за благо, складирањето масти и бавниот метаболизам.

Ако постојано чувствувате глад, ви се јаде чоколадо навечер или килограмите „не мрдаат“, причината можеби не е во карактерот – туку во минералите.

🧠 ЗОШТО ХРОМОТ И ЦИНКОТ СЕ КЛУЧНИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ?

🟢 ХРОМ – минералот што ја контролира желбата за благо

Хромот е суштински елемент во трагови кој телото не може само да го произведе. Неговата најважна улога е:

• ✔️ ја зголемува чувствителноста на клетките на инсулин
• ✔️ помага глукозата да се искористи како енергија
• ✔️ спречува јаглехидратите да се складираат како масти
• ✔️ ја намалува неодоливата желба за благо и чоколадо

📌 Кога има доволно хром, телото полесно согорува енергија.
📌 Кога недостига, апетитот е зголемен, гладот е чест, а слабеењето – бавно.

⚠️ Симптоми на недостаток на хром:

• постојана желба за благо
• промени во расположението и вознемиреност
• брзо заморување
• влошен шеќер во кр-вта
• слаба концентрација и меморија

🥦 Природни извори на хром:

• брокула, компири, аспарагус
• интегрални житарки и мешунки
• лешници и јаткасти плодови
• говедско месо и мисирка
• јајца (жолчка)
• риба и морска храна

📌 Поради обработката на храната и сиромашната почва, денес хромот често недостига – дури и кај лица што мислат дека се хранат здраво.

🟡 ЦИНК – моторот на метаболизмот

Цинкот е минерал без кој ниеден метаболички процес не функционира правилно. Тој е клучен за:

• ✔️ разградување на мастите и јаглехидратите
• ✔️ нормално варење
• ✔️ јак имунитет
• ✔️ хормонален баланс
• ✔️ здрава кожа, коса и нокти

📌 Без доволно цинк, резултатите од диетата се минимални, без разлика колку се трудите.

⚠️ Симптоми на недостаток на цинк:

• сува кожа и кршливи нокти
• бели дамки на ноктите
• ослабен вкус и мирис
• чести инфекции
• слабо зараснување на рани
• замор и слаба концентрација

🥩 Храна богата со цинк:

• говедско месо
• јајца
• млеко и млечни производи
• семки од тиква и сусам
• какао
• интегрална пченица
• пивски квасец

💊 ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ СУПЛЕМЕНТИ?

🔹 Кај лесен дефицит – промената во исхраната може да биде доволна

🔹 Кај изразен дефицит, инсулинска резистенција или дијабетес – под медицинска контрола се користат и суплементи

👉 Во пракса, најчесто се препорачуваат:
• 100–300 μg хром дневно
• во комбинација со витамин Ц, витамин Е, биотин или цинк

⚠️ Секогаш консултирајте лекар пред суплементација.

✅ ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

✔️ Не прескокнувајте оброци – тоа ја зголемува желбата за благо
✔️ Комбинирајте протеини + влакна
✔️ Внесувајте минерали преку храна, а не само калории
✔️ Ако слабеете долго без резултат – направете лабораториски анализи