Home Народна медицина Мајка со три деца открива едноставен домашен лек: „Две вечери и настинката...

Мајка со три деца открива едноставен домашен лек: „Две вечери и настинката исчезнува“

Без антибиотици, без лаборатории: природен рецепт што ги спасува децата од настинки и воспалено грло

Во време кога антибиотиците се користат сè почесто – понекогаш и без реална потреба – сè повеќе родители повторно ѝ се враќаат на народната медицина, пишува НМД.

Едно искрено сведоштво од мајка со три деца предизвика голем интерес на социјалните мрежи, токму затоа што нуди едноставно, природно и достапно решение за настинки, кашлица и воспалено грло.

Имам три деца и со години не сме користеле антибиотици за обични инфекции“, раскажува таа.

Нејзиниот рецепт е толку едноставен што секој може да го подготви дома – а резултатите, според нејзиното искуство, се видливи уште по првата вечер.

Доктор предлагаше вадење крајници – решението го најдовме во народната медицина

🟢 ПРИРОДЕН ЛЕК СО ЛУК И МЕД

🧄 Потребни состојки:
• 1-2 чешниња лук
• 1 голема лажица природен мед

(по желба – вода, која се пие ПРЕД употребата)

🟢 Начин на подготовка:
1. Лукот ситно исечкајте или здробете го.
2. Ставете го во чаша и додајте една голема лажица мед.
3. Добро промешајте додека да се соедини смесата.

🟢 Начин на употреба:

• Смесата се зема навечер, непосредно пред спиење.
• Пред тоа, детето треба да испие малку вода.

• По земањето на смесата НЕ се пие вода, за да може смесата полека да се лизне низ грлото и да делува на слузокожата.

• Истата количина може да се подели за повеќе деца (поголемо – поголем дел, помало – помал дел).
• Се применува две вечери по ред.

👉 Според искуството на мајката, подобрување се забележува уште по првата вечер.

ДЕЦАТА МИСЛАТ ДЕКА ТОА Е ЧОКОЛАДО: Јас им го давам како лек за кашлица и за 2 дена им поминува

🟡 За што помага овој природен лек?

• настинка
• затнат нос
• ноќна кашлица
• воспалено и болно грло
• почетни инфекции на горните дишни патишта

НАЈДОБРИОТ ПРИРОДEН ЛЕК за бели дробови, а може да го пијат и деца

🔬 Како делува лукот?

Лукот е природен антибиотик со силно антимикробно и антивирусно дејство. Содржи алицин – соединение кое:

• уништува бактерии и вируси
• го зајакнува имунитетот
• ја смирува воспалената слузокожа
• помага при кашлица и инфекции

Комбиниран со мед, кој има смирувачко и заштитно дејство, овој лек создава природен „филм“ врз грлото и овозможува побрзо закрепнување.

🟢 Алтернатива: лук заменет со ѓумбир

За деца кои тешко го поднесуваат вкусот на лукот:

Потребно:
• свеж ѓумбир (рендан и исцеден)
• мед

👉 Смесата може да се чува до еден месец во фрижидер и да се дава по една лажичка навечер.

⚠️ Важни совети:

• Овој рецепт е наменет за почетни и лесни инфекции
• Кај висока температура, силна болка или состојби што траат подолго – задолжително консултација со лекар
• Не се препорачува за деца под 1 година (поради мед)