Лапни голтни!

Потребни состојки:

За тесто:

300 г брашно
500 мл вода
1 прстофат сол
1 путер/маргарин (250 г)
5 јајца

За шербет:

1 литар вода
1 лимон
700 г шеќер

Постапка:

За тесто: сварете ја водата и во неа ставете малку сол и путерот. Потоа додадете го брашното и мешајте додека да се создаде топка од тесто.

Тргнете од оган и оставете малку да излади. Во изладеното тесто додавајте едно по едно јајце и добро измесете пред додавање на следното јајце.

Добиеното тесто ставете го во шприц со ѕвездест продолжеток и правете мали тулумбички.

Сечете ги на 4 см или пократки и печете ги во длабока маснотија.

Печените тулумби вадете ги прво на хартија за да се впие вишокот маснотија а потоа ставајте ги во шербет и оставете ги добро да го впијат сирупот.

Оставете ги да изладат преку ноќ.