Најсочната пита со сливи и готови кори

Потребни состојки:

500 г кори за пита

1 кг сливи +-

4 јајца

1 шолја (од 300 мл) шеќер

1 шолја јогурт

1 шолја гриз

120 мл масло

1 лажичка прашок за печиво

1 ванилин шеќер

За шербет:

1 шолја шеќер

450 мл вода

1 ванилин шеќер

Постапка:

Сливите исперете ги, исчистете ги и исечкајте ги на четвртинки. Јајцата и шеќерот изматете ги, па додадете јогурт, масло, гриз и прашок за печиво.

Сето добро соединете го. Плехот премачкајте го со путер или масло, па ставете ја првата кора. Премачкајте со фил. Постапката повторете ја уште три пати. Врз четвртата кора ставете половина од сливите, па наросете со ванилин шеќер.

Потоа наредете уште четири кори, секоја премачкана со фил. Наредете ја и втората половина сливи. Па уште четири кори преку сливите, а секоја премачкајте ја со фил. Водете сметка да ви останат неколку лажици за последната кора.

Питата исечете ја на парчиња, па премачкајте ја со остатокот од фил.

Печете 10 минути на 200 степени, па уште некои 40 минути на 180 степени. Додека питата се пече, пригответе го сирупот.

Водата, шеќерот и ванилин шеќерот ставете ги да провријат, па на тивок оган гответе 6-7 минути.

Сирупот прелијте го преку готовата пита. Оставете добро да излади, па послужете.

Loading...