Природен напиток за поддршка на дигестивниот систем
Здравјето започнува од дигестивниот систем. Правилната работа на цревата е клучна за добро општо чувство, енергија и балансиран метаболизам.
Овој природен рецепт, подготвен од овошје богато со растителни влакна, може да придонесе за подобра дигестија и редовна работа на цревата кога се користи умерено и во комбинација со балансирана исхрана, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
• 200 г суви сливи
• 50 г суво грозје
• 500 мл вода
• 1 круша
• 2 киви
• НМД
Постапка
1. Сувите сливи исечкајте ги на помали парчиња.
2. Ставете ги сливите и сувото грозје во тенџере.
3. Сипете 500 мл вода и ставете на умерен оган да зоврие.
4. Варете околу 10 минути, додека да омекнат состојките.
5. Тргнете од оган и процедете ја течноста низ цедалка или сито.
6. Оставете ја течноста целосно да се излади.
7. Вареното овошје изблендирајте го во хомогена смеса.
8. Од оваа смеса земајте по 1 лажица со секој оброк.
Подготовка на напитокот
1. Крушата и кивите излупете ги и исечкајте ги на парчиња.
2. Ставете ги во блендер.
3. Додајте дел од изладената течност од сливи и грозје.
4. Додајте 1 лажица од подготвената овошна смеса.
5. Блендирајте додека да добиете мазен напиток.
Начин на употреба
• Пијте по 1 чаша со секој оброк.
• Рецептот може да се користи до 7 дена по ред, по што се препорачува пауза.
⚠️ Напомена: Овој напиток е додаток на здрава исхрана и не е замена за медицински третман. Доколку имате хронични дигестивни проблеми, консултирајте се со лекар или нутриционист. Постапката погледнете ја во видео записот ОВДЕ:
https://youtu.be/mXIkVqyS424?si=Y36c9OKkdORq_7UJ





































