Симптомите како што се замор, болки во мускули и зглобови, болки во предел на стомакот – не смеат да се изгнорираат, бидејќи со текот на времето може да дојде до оштетување на органите.
Недостиг на железо во организмот или анемија е еден од најчестите проблемите поради кои патат голем број граѓани, но има луѓе и со спротивен проблем- зголемено ниво на железо.
Проблемот некогаш се открива дури кога ќе се дознае дека постои оштетување на црниот дроб или панкреасот, кога ќе се појави пореметување со гликорегулација со развој на шеќерна болест која слабо реагира на инсулин, пореметување на срцевиот ритам или срцева слабост.
Железото може да се таложи во кожата и да доведе до хиперпигментација, односно појава на темна кожа во областа околу анусот, на пазувите, околу лузни и други делови од телото.
Болниот може да чувствува дека нешто не е во ред со организмот поради хормонска инсуфициенција, губиток на либидо, импотенција, губиток на влакна..
Железото е многу важен елемент за нормално функционирање на различни ткива и во организмот се наоѓа најчесто во два облици: како хемоглобин (во 805 од вкупната количина) и миоглобин, протеин кој се наоѓа во мускулите (20%).
Меѓутоа, нивото на железо во текот на денот постојано се менува, па затоа, лабораториските испитувања е најдобро да се вршат во утринските часови кога резултатите се најточни, но сепак, најдобро е тестирањето да се повтори за да се утврди точноста пред да се започне со лекување.
Организмот искористува само 10% од внесеното железо во организмот. Тоа се ресорбира во дигестивниот тракт. Вишок железо може да се појави доколку лицето консумира повеќе намирници кои го содржат овој минерал: црвено месо и зелен зеленчук како брокула. Намирници кои го намалуваат железото се зелен чај и некои видови билки. Се случува лицата во текот на лекувањето на анемија да внесат премногу железо, па доаѓа до негово таложење.
Најчестиот проблем при високо ниво на железо во крвта е т.н. вродениот проблем хемохроматоза: наследно заболување, чија основа е пореметено ресорпција на железото во дигестивниот тракт, поради различни генетски промени во организмот.
Меѓутоа постојат и другио бројни состојби кои можат да доведат до зголемување на железото во организмот,а тоа се прекумерен внес на суплементи, прекумерна терапија со железо при слабокрвност, како и поголем број на трансфузии на крв.
Во нормален организам кај маж има околу 3,8 грама железо, а кај жена околу 2,8 грама. Во случај на прекумерна концентрација која може да биде и поголема од 30 грама, железото се таложи во организмот, па со текот на времето, после повеќе години, а некогаш и децении, доаѓа до оштетување на функциите на виталните органи.
Кај лица со зголемено железо во организмот се советува намален внес на намирници богати со железо или зголемен внес на витамин Ц, кој ја подобрува искористеноста на железото.
Кај докажана хемохроматоза се прави т.н. отпуштање на крв. Во почетокот еднаш седмично, а подоцна е доволно четири пати годишно (од 300 до 500 мл). Во одредени случаи се се даваат хелатори кои за себе го врзуваат вишокот железо и се излачуваат по пат на урина и фекалии.