Потребни состојки за месо:
500 г мелено месо
5 чешниња лук
2 лажички сода бикарбона
Сол и малку повеќе црн пипер, по желба
100 мл газирана вода
Потребни состојки за лепињи:
500 г брашно
2 лажички шеќер
2 лажички сол
1 сув квасец
100 мл масло
250 мл млака вода
Постапка:
Месото ставете го во машина за мелење, додадете ситно рендан лук, сода бикарбона, сол, црн пипер и газирана вода. Сето заедно измешајте го. Смесата оставете ја во фрижидер да отстои додека лепињите да бидат готови.
Брашното, квасецот, шеќерот и солта промешајте ги. Во водата додадете масло и замесете ги лепињите. Кога се’ ќе се соедини, додадете уште три лажици масло на крај и месете уште 1-2 минути. Оставете на топло да се удвои.
Потоа извадете го на работна површина и поделете го на 4 дела. Секој дел обликувајте го во топче, па до оклагија развлечете го во кора со дебелина од 1 см. Секоја лепиња ставете ја на чиста крпа и покријте со друга крпа. Оставете да отстои 15-тина минути.
Во меѓувреме вклучете ја рерната на 250 степени а плехот оставете го внатре и тој добро да се загрее. Врз врелиот плех ставајте ги лепињите и печете ги додека да добијат златнокафеава боја. Брзо растат и заруменуваат.
Печените лепињи вадете ги и ставајте ги на салветка, прекријте ги со крпа и оставете ги да изладат.
Месото извадете го од фрижидер и со помош на шприц истискувајте ги ќебапите, па печете ги во тава на малку масло или грил тава, а ако ги печете во рерна, премачкајте ги одозгора со растопен путер. Потоа во истата тава долијте половина литар вода, малку сув зачин, оставете малку да вари па тргнете од оган.
Друга нелеплива тава ставете ја на оган, загрејте ја добро, додадете малку од зачинетата вода (3-4 лажици), па на така врело ставете лепиња пресечетена на половина, додека да ја впие течноста и малку да се запече. Извадете ја лепињата и повторете ја постапката со останатите лепињи.
Ставете доста сечкан кромид и уживајте.