Ја газиме, прескокнуваме, ја кинеме а не знаеме колку многу е лековита: Овчарска торбичка

ОВЧАРСКА ТОРБИЧКА – Capsella Bursa-Pastoris (Русомача, ме сака-не ме сака, Бабини гниди, Моминска трева)

Овчарската торбичка е едногодишно или двегодишно растение, со исправено, слабо разгрането стебло високо до 50 см. Цвета од март до ноември.

Листовите во основата му се покрупни и перјасто разделени, цветовите се бели и ситни, во гроздовидни соцветија.

Плодовите се ситни тркалезно-срцести лушпи. Расте насекаде покрај патишта, ливади, полиња и градини и најчесто се смета за коров.

УПОТРЕБА:

За лек се собира надземниот дел, кој се употребува против сите видови на крвавења (од нос, желудник, црева, хемороиди, од рани кога крвавењето не може да запре) и кај неуредна менструација.

При силни менструални крвавења треба да се пијат по две чаши чај (на 200 мл зовриена вода се става полна чајна лажичка од билката), осум до десет дена пред менструацијата. Овој чај се користи и за регулирање на менструацијата во пубертет.

Во периодот на менопауза секоја жена би требало да пие по две чаши чај, во текот на четири седмици, а потоа да се направи пауза од три седмици, па да се повтори цикусот.

Исто така, се употребува и за лекување на тумори (фиброми) на матка, за регулирање на крвниот притисок (и за висок и за низок крвен притисок).

Овчарската торбичка може да се употребува за болести на мускулите, зглобовите, слабост на мускулите на дебелото црево, пролапс (испаѓање на дебело црево), матка и кила.
Се употребува во форма на чај, облоги, купки и тинктура.

Класично приготвување на чај

Полна чајна лажица сува билка се попарува со 250 мл врела вода, се остава кратко да отстои, па се процедува.

Облога: Две полни раце овчарска торбичка (по можност свежа) се става на цедалка врз пареа додека да омекне. Омекнатата билка се става на памучна крпа па се нанесува на болното место.

Тинктура: Свежа билка, листови, стебленце и цвет, ситно се сечка па растесено се полни стаклено шише до врвот, се прелива со 38-40% житна или овошна ракија, па се остава да отстои 14 дена на сонце или топло место. (за надворешна употреба).

Овчарската торбичка може да се меша и со други билки. Па така, при крвавење на бубрези, може да се употреби чајна мешавина од еднакви делови на овчарска торбичка и коњско опавче. Овој чај се пие незасладен а за една чаша се користи една лажица од мешавината.

При крвавење на бели дробови: чајна мешавина од еднакви делови од овчарска торбичка, бела имела, троскот и корен од стеглива трева (potentilla erecta).

Чајот се приготвува како што е наведено и во претходниот случај.

За вагинален секрет: еднакви делови од овчарска торбичка и бела мртва коприва (lamium album l.), а од мешавината се зема една чајна лажичка за една чаша чај. Се пијат по 2-3 чаши дневно, незасладени, во голтки.

За отечено грло: повеќе пати дневно се прави гргарење со чај од овчарска торбичка.

За крвавење од нос: се ушмркува изладен чај од овчарска торбичка.

За шеќерна болест: се пијат 2-3 чаши чај од овчарска торбичка.

Чајна мешавина против пролапс на матката:

100 г овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris)

100 г бисерок (Alchemila vulgaris)

100 г ајдучка трева (Achilea millefolium)

Сите билки се мешаат, па од мешавината се земаат 4 супени лажици и се прелеваат со 750 мл зовриена вода, па се остава 45 минути да отстои поклопено. Се процедува и се пие во текот на целиот ден. Покрај овај чај, пожелно е да се пие и тинктура по две чајни лажички, една наутро, една навечер, растворени со малку вода.

Класичен рецепт за тинктура од овчарска торбичка:

Чиста тегла се полни со свежа исечкана билка. Се прелива со 70% алкохол или посилна ракија. Теглата се затвора и се остава на темно место две седмици.

Се процедува и се чува во стаклена тегла со добар капак.

За запирање на силно менструално крвавење: по една чајна лажичка од тинктурата растворено во малку вода, на секои три часа.

Може да се користи и за масажа и за дезинфекција на рани.

Чајна мешавина против висок крвен притисок:

100 г овчарска торбичка  (Capsella bursa-pastoris)

100 г коњско опавче (Equisetum arvense)

100 г глог (Crataegus oxyacanta)

Сите билки се мешаат, па три супени лажици се прелеваат со 750 мл зовриена вода па се остава 45 минути поклопено. Се процедува и се пие во текот на денот.

Чајна мешавина против тромоцитопенија:

100 г овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris)

100 г ајдучка трева (Achilea millefolium)

50 г имела (Viscum album)

Сите билки се мешаат па 5 супени лажици се прелеваат со еден литар зовриена вода, се промешува и поклопува. Се остава да отстои еден час.

Се процедува и се пие во текот на денот, поделено во три дози, пред јадење, незасладено. Чајот се пие еден месец, па се прави пауза од една седмица, па се повторува циклусот.

КОМЕНТАР на Магдалена Ѓорѓиева:

“Да лековита гениколошки 100 г пакетче се вари со 2 л вино и се пие по мала чашка неколку пати на ден”

Loading...