Стапалата честопати се многу чувствителни и затоа треба да се грижиме за нив, особено дијабетичарите. Оваа група на луѓе со дијабетес се чувствителни на било какво рани, бидејќи споро им зараснуваат и може да бидат опасни.
Затоа секогаш носете соодветни обувки, ни претесни ниту големи. Обувката треба да биде пријатна за носење, а прстите во неа да се комотно распоредени исто како кога се боси.
Покрај тоа, многу е важна хигиената на стапалата и не заборавајте, после секое нивно миење добро да ги избришете.
Зошто е важно стапалата да бидат суви? Бидејќи влагата и топлината е одлична средина за развој на габични инфекции и доколку ги оставате влажни, особено влажни и затворени во чевли, многу брзо ќе се иритираат.
Доколку веќе се појавиле вакви инфекции, или сте забележале црвенило и задебелување околу ноктите на прстите од стапалата, овде ќе прочитате како добро да ги исчистите стапалата и да ги ослободите од токсини.
Земете еден леѓен наполнет со две третини топла вода. Потоа дополнете со една третина јаболкова киселина.
Потопете ги стапалата тука и оставете ги 30-тина минути. Потоа исплакнете со јадна вода и добро избришете со мек пешкир. Веднаш ќе забележите подобрување.
Ова помага и за болки во нозе и стапала и за габични инфекции.