Home Останато Корисно Мал трик: како билките да ви цветаат долго и богато

Мал трик: како билките да ви цветаат долго и богато

Кога ќе ги купиме цвеќињата директно од цвеќара, тие секогаш се бујни, расцветани прекрасни…

Но, по некој период, цветот ќе им опадне и долго време потоа не процветуваат. Понекогаш се чини дека цела вечност хибернираат!

Но, постои еден мал трик со кој цвеќињата цветаат уште поубаво и побујно, а градинарите и оние кои ја познаваат тајната на светот на цвеќињата – препорачуваат нивно исхранување и тоа во периодот кога ќе се појават првите пупки.

Можеби ќе се зачудите, но една од состојките кои ја сакаат цвеќињата е рицинусовото масло. Излегува дека не расте само косата со помош на рицинусово масло : – )

Со помош на рицинусовото масло процесот на цветање трае подолго, цветовите се покрупни и поубави а венечните ливчиња добиваат поинтензивна боја.

Како се приготвува овој магичен еликсир за цвеќиња:

Во еден литар вода, која претходно отстојала неколку дена на собна температура, се додава едно кафено лажиче рицинусово масло.

Шишето добро затворете го, па протресете го додека да се раствори маслото и добро да се соедини со водата. За да не го изгори цвеќето, можете течноста да ја ставите во распрскувач, па на тој начин да ја навлажните земјата.

<

Веднаш по протресувањето, додека маслото не се подигнало на површина – треба да се залее цвеќето.

Ако вашето цвеќе цвета еднаш годишно, доволно е само едно вакво прихранување. Ако цвета почесто, тогаш прихранувајте го еднаш месечно.