Многу вкусна торта што се топи во уста!

Потребни состојки:

600 г мелени бисквити
250 г путер / маргарин
300 г желе бонбони
200 мл сок или млеко +-, по желба
200 г шеќер во прав

Постапка:

Ако ја приготвувате во посна варијанта, тогаш сите состојки нека бидат посни (посни бисквити, сок, посен маргарин, па дури и ако се одлучите за млеко, тоа нека биде оризово или бадемово).

Путерот или маргаринот нека биде на собна температура. Изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги бисквитите и половина од сокот или млекото.

Смесата измесете ја со раце.

Ако е потребно додавајте уште сок или млеко и повторно замесете.

Желе бонбоните исечкајте ги, додадете ги во смесата и повторно измешајте. Со раце обликувајте ја тортата во облик во кој сакате да биде (круг, квадрат, правоаголник, мече, барби и слично).

Одозгора ставете повеќе шлаг и сечкани желе бонбони. Добро изладете и послужете.

Напомена: препорачувам да ја искористите целата количина за сок, зошто смесата можеби ќе ви се чини мека, но кога ќе ја изладите во фрижидер, тортата ќе се стегне, па може да ви биде претврда ако само малку сок сте искористиле.