Одлични се за пригоди кога ви доаѓаат повеќе гости или кога треба да патувате некаде, но прекрасни се и за секој ден, сигурна сум дека често ќе ви ги бараат.
Потребни состојки:
500 г кравјо сирење
250 г путер
400 г меко брашно
½ прашок за печиво
2-3 мали лажички сол
Јајце за премачкување
Сусам за наросување
Постапка:
Во еден подлабок сад ставете 500 г кравјо сирење, омекнат путер или маргарин (250 г) исечкан на помали коцки, 400 г брашно, половина прашок за печиво и 3 мали лажички сол.
Убаво со рака измесете додека да добиете компакно, мазно тесто.
Пестото покријте го со проѕирна фолија и оставете го да одмори во фрижидер најмалку еден час.
Потоа тестото ставете го на набрашнета работна површина, наросете го со брашно и со оклагија развлечете го во кора со дебелина од околу 5 мм.
Површински засечете ја кората со тенок нож во ситни коцкички. А потоа вадете кругови со чаша.
Малку оставете ги да одморат.
Малите погачици премачкајте ги со разматено јајце и наросете ги со сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Деталите погледнете ги во видеото: