Редена гибаница од готови кори, прелиена со јајца и јогурт. Толку сочна и вкусна што не може да се опише, мора да ја пробате!
Потребни состојки: 500 г дебели кори за пита, 400-500 г ситно сирење, 1 лажичка сол, 4 јајца, 200 мл јогурт, 100 мл вода и 100 мл масло
Постапка: Вклучете ја рерната на 200 степени. Поделете ги корите на три дела. Тепсијата премачкајте ја со масло.
Наредете го првиот дел кори, но секоја кора испрскајте ја со малку масло. На последната кора ставете половина од сирењето и убаво распоредете.
Наредете го вториот слој кори, исто така прскајќи ја секоја кора со масло, па одозгора ставете го и вториот дел од сирењето.
Наредете го и третиот дел кори испрскани со масло.
Со остар нож пресечете коцки.
Изматете јајца, јогурт, сол и вода. Добро изматете да се соединат состојките. Прелијте убаво преку сечените коцки.
Тепсијата малку протресете ја за убаво да се распореди.
Ставете да се пече околу 30 минути. За тоа време кората треба да стане темно жолта до кафеава.
Извадете ја готовата гибаница од рерна и покријте ја со крпа, па оставете така да отстои 10 минути.
Повторете со нож по ивиците каде што сте сечеле и послужете топло.
Рецепт на Анка Хаџисмилева: За 500 г кори: 5 јајца, 1 чаша масло и 1 чаша газирана вода
Се редат по три кори кои се прскаат со смесата, па се става фил (урда или сирење) и сè така додека да се потрошат состојките.
Се сече на коцки и се прелива со 1 чаша газирана вода, па се пече во загреана рерна на 200 степени. како мерка се користи една чаша од 200 мл