Поедноставно не може да биде. Добивате многу вкусни колачи со мал труд. Сите ги сакаат!
Потребни состојки:
250 мл масло
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1/2 лимон – сок
1 портокал – сок
500 г брашно
6 лажици шеќер
Постапка:
Сите состојки измешајте ги и замесете тесто (треба да биде малку помеко).
Направете 8 ваљачиња со пречник 2 см и сечете под кос агол во должина од 3 см.
Редете ги во намастен плех и печете на 200 степени 15 минути.
Оставете да изладат 5 минути и потоа валкајте ги во шеќер во прав (потребно е околу 150 г).