Иако овие знаци може да бидат показател за некое друго заболување, сепак, доколку ги имате следните симптоми често и редовно, најдобро е да одите на лекар за да ги одбегнете можните компликации и да добиете соодветен третман.

Жолчната кеса е мал орган кој се наоѓа под црниот дроб. Нејзината Главна задача е да лачи жолчка која служи за разложување/дигестија на мастите.

Со ослободување на жолчката во жолчните канали доаѓа до разложување на храната која се задржала во цревата. Меѓутоа, понекогаш во тој процес се случуваат проблеми.

Некои супстанции кои остануваат заглавени во овие канали, создаваат блокада и го оневозможуваат протокот на жолчката. Како резултат на ова се јавуваат низа симптоми кои можат да создадат големи проблеми доколку не се започне навремено со третман.

Еве кои се симптомите со проблем на жолчна кеса:

1.Воспаление и гасови

Жолчната кеса е многу важна во дигестивниот систем. Ослободува супстанција која ги разложува мастите, па кога постои опструкција таа не може нормално да доспее до цревата и варењето станува значително отежнато.

Тогаш се јавуваат симптоми како воспление во дигестивниот тракт и силни гасови. Причина за ова е натрупување на отпадоци во цревата, ферментација и ослободување на гасови поради нивно неисфрлање.

2.Болка и чувство на тежина во стомакот

Освен споменатото непријатно чувство во стомакот, проблемите со жолчката може да предизвикаат и болки и чувство на тежина во стомакот.

Болката понекогаш се шири во десниот дел од грбот, поради инфламаторниот процес кој започнал. Болката обично се јавува ненадејно и трае 10-15 минути.

Потоа исчезнува и повторно се јавува, само што трае многу подолго, дури и по 12-15 часови. Ако имате вакви болки, веднаш појдете на лекар.

3.Мачнина и вртоглавица

Честа мачнина и вртоглавици се симптоми кои никогаш не треба да се изгнорираат. Овие симптоми се карактиристични за мноштво различни заболувања. Тука спаѓаат и проблемите со жолчна кеса.

Во овој случај, мачнината и вртоглавицата се јавуваат затоа што жолчните сокови не ги разложуваат мастите, што доведува до зголемување на количината на отпадоци во цревата и крвта.

Кога доаѓа до создавање на камен во жолчката се јавува и притисок во желудникот, што може да предизвика мачнина и повраќање.

4.Непријатен здив од устата

Сите знаеме дека непријатниот здив од уста се јавува обично поради бактериски инфекции или лоша орална хигиена.

Меѓутоа кога често се јавува и кога речиси е невозможно да се контролира, можно е причината да биде некој проблем во функцијата на црниот дроб или жолчната кеса.

Кога проблем е жолчната кеса тогаш се јавува метален вкус во устата. Натрупување на токсини и недоволно жолчка се директните причини за овој проблем.

5.Слаб апетит

Ненадејното губење на апетитот е јасен знак дека во вашиот организам нешто се случува. Иако слабиот апетит е чест кај хроничните инфламаторни заболувања, чест е и кај дигестивните проблеми кои настануваат поради неправилна функција на жолчната кеса.

Ако слабиот апетит трае неколку денови, тоа може да биде симптом на воспаление или опструкција на жолчните патишта поради камен во жолчка. Како се влошува проблемот, така се јавуваат почести воспаленија и чувство на ситост.

6.Жолтица

Ако кожата или белките на очите нагло ви пожолтат, веднаш јавете се на лекар. Жолтицата се јавува поради натрупување на жолчка во жолчната кеса што понекогаш доведува до создавање на камења. Станува збор за опасен здравствен проблем, кој е најдобро веднаш да се лекува.

Дали ги препознавате овие симптоми? Дали имате два или повеќе од набројаните симптоми?

Ако одговорот е „да“, најдобро е веднаш да појдете и да ги направите сите потребни тестови за да може лекарот да ви постави дијагноза и да се избегне напад на жолчка.

Ако навистина имате проблем со жолчната кеса, веднаш морате да промените некои навики и да започнете со терапија.

Многу е важно да бидете физички активни и пред сè мора да се храните колку може поздраво, да се исфрли од менито масната, калорична и храната полна со шеќери.

Обидете се да го детоксифицирате црниот дроб и жолчната кеса, за да можете нормално да функционирате.