МЕД ОД ГЛУВАРЧЕ

Од цветовите од глуварче се прави исклучително вкусен и лековит мед: отворени цветовите и свртени кон горе, се редат во тегла да го покријат дното па се наросуваат обилно со шеќер. Така се реди ред по ред до врвот на теглата. Се покрива со газа и се остава на сонце. Не смее да се меша, а кога ќе започне да се претвора во еднолична смеса (после 10-15 дена) внесете ја теглата внатре и оставете целата смеса да се претвори во мед и да пожолти.

Тогаш процедете низ газа и повторно складирајте во стаклена тегла.

Медот од глуварче се консумира наутро на празен стомак по една лажичка. Им се препорачува на луѓе со проблеми со жолчното кесе и со крвотокот.

За лекување на кашлица:

Пронајдете ливада подалеку од сообраќајно загадување и наберете цветови и стебленца од глуварче, па направете домашен сируп против кашлица и бројни други болести.

Глуварчето е исклучително здрава самоника билка која е богата со витамините А и Ц, калциум, калиум и натриум.

Станува збор за многу лековито растение кое ја поттикнува работата на бубрезите, црниот дроб и дигестивниот тракт, го намалува холестеролот, ја јакне крвта, а помага и при алергии.

Расте на ливади со умерена и ладна клима, а може да се користи велата билка: од коренот па се до цветовите. Од коренот најчесто се приготвува чај кој помага при дигестивни тегоби, а особено им се препорачува на лица кои имаат дијабетес.

Стебленцата од глуварчето се сметаат за чистач на организмот кои го регулираат метаболизмот, ја прочистуваат крвта и желудникот.

Најпознати се бидејќи ги решаваат проблемите со вирусни брадаваци. „Млекото“ од средината на стебленцето се мачка на брадавицата се додека таа да се исуши и отпадне.

Раните пролетни листови на глуварчето се користат за приготвување на салати и варива, а се препорачуваат и во исхраната на бремените жени, доилки и жени во менопауза. Се јадат и цветовите кои е најдобро да се берат на пладне кога се најотворени.

Од цветовите од глуварче најчесто се приготвува сируп или „мед“ кој може да се додава во различни десерти, или самостојно да се пие како лек, односно, првенствено како сируп против кашлица за деца.

Потребни состојки:

200 грама цветови од глуварче заедно со стебленца

2 лимони

1 ½ литар врела вода

1 кг шеќер

Постапка:

1.Иситнете ги стебленцата и цветовите од глуварче, па прелијте ги со врела вода.

2.Додадете лимон исечен на трглаца или само исцедениот сок, па сето заедно гответе го на тивко уште околу половина час.

3.Процедете ја течноста, додадете го шеќерот, па гответе уште 15 минути.

4.Топлиот сируп прелијте го во претходно стерилизирани стаклени шишиња или тегли, па внимателно затворете ги. Сирупот чувајте го на темно и ладно место.

За чистење на црниот дроб:

Потребни состојки:

2 портокали без кора

1 лимон без кора

¼ целер со средна големина (корен)

1 чаша млади листови од глуварче

½ чаша лист од магдонос

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер, добро измиксајте и веднаш испијте го напитокот. Најдобро време е наутро на гладно.

Лековит мед од глуварче:

Потребни состојки:

450-500 г (9 раце) цветови од глуварче

Неколку листови (една рака) широколиснат тегавец (женски)

Неколку листови (една рака) жалфија

3 лажици жумско овошје (суво, смелено како за чај)

Една рака листови бела рада

Една рака цветови љубичица

1,5-2 см свеж ѓумбир, насечкан на тркалца

3 литри вода

1-2 портокали (непрскани)

2 лимони (непрскани)

3 кг шеќер

Подготовка:

Кората од портокалите и лимоните се мешаат заедно со другите билки и ѓумбирот, а нивниот сок се чува за подоцна. Водата со мешавината се става на оган да зоврие, се поклопува и се остава преку ноќ.

Следниот ден се процедува му се додава шеќерот и се вари на тивок оган со повремено мешање се додека да добие густина на сируп. Пред крајот се додава сокот од лимонот и портокалот, па уште кратко се готви.

Се складира во тегли, веднаш се затвораат, уште додека е топол сирупот.

Вака добиениот сируп според вкусот едвај може да се разликува од вистинскиот мед.

Се јаде од 1-3 лажици дневно.

Го јакне организмот, ја чисти крвта и ја регулира столицата.

ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕБЕЛИНАТА СО ГЛУВАРЧЕ

Глуварчето (Taraxacum officinale) најдобро е да се консумира во пролет кога горчливиот вкус најмалку се чувствува или воопшто го нема. Може да ги измие бубрезите, да го засили метаболизмот и да ја отстрани желбата за слатки.
Јадете свежи листови од глуварче како салата или подгответе чај со 2 лажички од коренот извриен во вода 10 до 15 минути кој се пие 3 пати на ден.

Еликсир

Наберете поголема количина глуварче од целата билка. Смелете ја, а добиениот сок помешајте го со иста количина шеќер.

Измерете ја добиената количина.

Од вкупната количина додајте 1/10  вотка.

Оставете да отстои затворено во стаклен сад, на собна температура, 14 дена.

По изминати две седмици ќе добиете сируп кој е наречен Еликсир на Животот.

Се чува во фрижидер и до две години. Се пијат 2-4 лажици дневно, и тоа првата лажица наутро на гладно, а останатите во текот на денот пред оброк.

Прочитајте:

Мевлем за хемороиди, артритис, попуштени вени, рани и други кожни заболувања од цветови на глуварче ТУКА

Тинктура од глуварче: за женски проблеми, дијабетес, ревматоиден артритис, црн дроб, бубрези.. ТУКА