Штом ја изедете првата торта, веднаш ќе посакате да направите и втора!
Потребни состојки:
1 литар млеко
3 лажици какао
6 лажици пченкарен скроб (нишесте)
150 г шеќер
100 г чоколадо
400 г бисквити (какао бисквити)
50 г путер за глазура
200 г чоколадо со лешници
Постапка:
На оган ставете еден литар млеко, 3 лажици какао, 6 лажици нишесте, 150 г шеќер и 100 г искршено чколадо. Гответе на тивок оган и матете со жица постојано додека кремот да згусне.
На дното од калапот наредете еден ред бисквити, па нанесете две полни лажици од кремот у рамномерно распоредете. Врз кремот нанесете уште еден ред бисквити, па повотрно еден слој крем и се така продолжете додека да ви се потроши материјалот. Завршете со ред бисквити.
За глазура: на тивок оган растопете 50 г путер и 200 г чоколадо со лешници, па нанесете одозгора.
Оставете ја тортата да излади еден час во фрижидер, па можете да сечете и да послужите.
Деталите погледнете ги во видеото: