Потребни состојки:
1 пакување (250 г) лиснато тесто
5-6 компири со средна величина
100 г шунка по избор
100 г фета сирење
100 г кисела павлака
2 јајца
100 г кашкавал
100 мл млеко
По потреба сол, црн пипер, босилек
Постапка:
Компирот да се свари но не до крај, до половина, па да се исече на тркалца и да се зачини по потреба.
Лиснатото тесто развлечете го на околу 26 см широчина, ставете го во калап 22 см обложен со хартија за печење, израмнете а ивиците подигнете ги покрај ѕидовите на калапот.
Преку тестото ставете половина од количината на шунката исечена на тенки листови.
Преку шунката наредете околу третина од компирите, а потоа и фета сирењето исечено на листови.
Ставете го и вториот дел од компирите, втората половина од шунката, може и малку панцета, фета и третиот дел од компирите.
Изматете ја павлаката заедно со јајцата и млекото, посолете и прелијте го компирот.
Одозгора изрендајте кашкавал и префрлете ги ивиците од лиснатото тесто да се затвори питата.
Печете на 200 степени околу 45 минути или прободете со нож и проверете дали компирот е печен.
Послужете топло.