Вкусни, крцкави пилешки батаци со кнедли од леб натопени во сос со зачини и печурки – идеална комбинација со супа за неделниот ручек!

Потребни состојки:

5 пилешки батаци со карабатак

Црвен пипер, црн пипер, сув мешан зеленчук (вегета), лук во гранули, магдонос

2 јајца

400 г леб (отстојан)

2+2 лажици брашно

1 врзоп зеленчук за супа

150 г печурки

200 мл масло

200 мл млеко

Постапка:

Во поголем сад потопете ги батаците, додадете зеленчук за супа (морков, корен од магдонос, пашканат, целер..), додадете лажица сув зачин, па на среден оган нека се готви околу еден час.

Потоа извадете ги батаците а супата оставете ја уште малку да се готви.

Вклучете ја рерната, батаците наредете ги и зачинете ги со црвен пипер, црн пипер и магдонос, втријте малку со рака за да навлезат зачините, па прелијте со 100 мл масло о од страна долејте половина чаша од суапа. Ставете да се запече, а батаците да добијат убава светло кафеава боја.

Потоа погледнете уште колку течност имате во супата, треба да има доволно за да ви остане да додадете и фиде или кнедли и уште еден литар за приготвување на сосот.

Кога заленчукот е сварен, извадете го а супата процедете ја. Оставете еден литар за сосот. Еден морков и еден пашканат испасирајте ги со виљушка.

Лебот ситно исздробете го и прелијте го со млеко, па додадете го испасираниот зеленчук, зачинете со вегета, црн пипер и сув магдонос. Додадете 2 јајца и 2 лажици брашно, па убаво со рака изгмечете. Смесата треба да биде компактна, да може да се прават топки.

Во помал лонец налијте вода и ставете на оган да проврие. Рацете навлажнете ги, па обликувајте топки малку поголеми од пинг понг топчиња, па редете ги на тацна. Кога водата ќе зоврие, спуштајте ги кнедлите и намалете го огнот. На кнедлите им е потребно околу 20 минути за да се сварат.

Со решеткаста лажица вадете ги кнедлите во некоја чинија додека го приготвувате сосот.

Загрејте 100 мл масло, па додадете 2 лажици брашно и мешајте на умерен оган додека брашното да смени боја, а потоа налејте прво половина литар супа и мешајте, па ако е прегусто (треба да има густина на јогурт), додадете уште супа и повторно промешајте. Посолете, запиперете и додадете лукче, магдонос и малку сува мирудија.

Печурките исечкајте ги на тенки листови па пропржете ги со една лажица масло, а тие сами ќе си пуштат течност. Пржените печурки додадете ги во сосот кој потоа ќе го излеете во керамички или огноотпорен стаклен сад во кој ќе ги наредите кнефлите.

Додека ова да го завршите батаците во рерна ќе бидат запечени. Ви останува уште да ја доправите супата со додавање на тестенини и зачини по вкус.