Идеална за секоја пригода. Брзо се приготвува, со комбинација од лешник и чоколадо, збогатена со крцкави наполитанки кои даваат посебен вкус. Изненадете ги своите најблиски, восхитете ги гостите и едноставно уживајте!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г мелени бисквити, 300 г печени лешници, 100 г путер, 150 мл млеко, 500 мл слатка павлака (400+100 мл за глазура), 700 г кисела павлака, 100 г шеќер во прав, 150 г млечно чоколадо, 250 г наполитанки со вкус на лешник 100 г црно чоколадо + 100 г за глазура

ПОСТАПКА за кора: помешајте мелени бисквити со 150 г мелени или блендирани лешници. Прелијте ги со растопен путер и промешајте да добиете конзистенција на влажен песок.

Потоа долејте половина од млекото, промешајте а потоа и остатокот. Мешајте додека сето да се соедини и смесата да биде изедначена.

Обрачот од тркалезен калап за торти, обложете го со проѕирна фолија и ставете го на тацната или подлогата на која ќе ја правите тортата.

За фил: изматете 400 мл слатка павлака. Посебно изматете ја киселата павлака со шеќер во прав, па потоа соединете со слатката павлака. Додајте растопено и подизладено чоколадо.

Најдобро прво да ги растопите двете чоколади, па додека ги матите слатката и киселата павлака, тие ќе изладат. Додајте млечно чоколадо и промешајте. Потоа додајте мелени или блендирани наполитанки и мелени или блендирани лешници, преостанатите 150 г.

Измешајте сето заедно па додајте црно чоколадо и повторно промешајте, сè додека да се соедини и се изедначи. Излејте го целиот фил врз кората и израмнете.

Глазура: искршете 100 г црно чоколадо па прелијте го со врела слатка павлака, но не зовриена (100 мл) и мешајте додека се изедначи, па прелијте полека преку филот. Декорирајте по желба и оставете во фрижидер да се стегне.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ФЕРЕРО РОШЕР ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Готова е за 20 минути – не го пропуштајте овој рецепт“ – ОВДЕ.

ФЕРЕРО РОШЕР ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Готова е за 20 минути – не го пропуштајте овој рецепт