Маслото од сусам претставува добра превенција против создавање на тромбови, но и против нередовна столица и опстипација. Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди проследени со болки и крвавење.

Во народната медицина се корисисти за санирање на повреди, акни, чиреви, брадавици, изгореници. Сусамот е исклучително богат со железо, па доволно е да се изедат 50 г од ова семе за да се задоволи дневната потреба од овој минерал.

Освен железо, во голема количина е присутен и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот. Од витамините кои се застапени во сусамот, посебно место зазема витаминот Е, моќен антиоксидант кој ги штити клетките од стареење, појава на тумори и срцеви заболувања.

ЛЕКОВИТА ТИНКТУРА

За лица кои немаат доволно калциум во организмот, сусамот е намирницата која може да им помогне. Доволна е една супена лажица сусам да се потопи во 50 мл јогурт и да се остави да преноќи. Наутро изедете го на празен стомак. Постапката повторувајте во континуитет.

ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ХЕМОРОИДИ: сомелете една лажица сусам, додадете две лажици вода. Сето заедно убаво промешајте го додека да се создаде паста, па додадете и една лажичка путер. Убаво изматете, тоа намачкајте го на парче тост (двопек) и изедете го.

ЗА ИЗГОРЕНИЦИ: две лажици сусам потопете во чаша вода. Ставете на оган да врие неколку минути. Потоа содржината процедете ја и оставете да излади. Со памук натопен во ладниот чај поминувајте преку воспаленото место и изгорениците, повеќе пати дневно.