Вишокот телесна тежина се опишува како прекумерно складиштење на масти во организмот. Масните депозити го загрозуваат нашето целокупно здравје и значајно влијаат врз работата на внатрешните органи како што се: срцето, црниот дроб, бубрезите, зглобовите, првенствено колената и колковите.

Лицата кои патат од дебелина обично имаат зголемен ризик за заболување од дијабетес, висок крвен притисок, болести на срцето, пореметување на функцијата на жолчното кесе, гихт и слично.

Ако имате проблем со вишко килограми и сакате да се ослободите од нив, обидете се со овој едноставен напиток. Сигурно веќе сте го прочитале на нашиот портал или на друго место, но добро е да го повториме.

Потребни состојки:

1 лимон – сок

60 г магдонос свеж

300 мл вода

Постапка:

Лимонот иседете го, магдоносот исечкајте го ситно, изблендијате го и прелијте со вода.

Консумирање:

Секое утро, пред појадок консумирајте го овој напиток, пет дена по ред. Потоа направете пауза од десет дена, па повторете ја постапката.

Третманот со паузи можете да го користите се додека чувствувате потреба за намалување на телесната тежина. Овој напиток го забрзува процесот за согорување на мастите и ги задоволува дневните потреби за витамини и минерали на целиот организам. Магдоност го подобрува процесот на варење и го стимулира организмот за исфрлање на вишокот течности, а покрај тоа, ја елиминира подуеноста на стомакот.