Потребни состојки:
1 пакување розен кори
За бел крем:
500 мл млеко
2 пудинг од ванила + 125 г шеќер
100 г бело чоколадо
500 г млеко во прав
100 г путер / маргарин
100 г lemon curd crème (ако немате купечки, се приготвува од 2 лимони, 2 јајца, 100 г шеќер, 50 г путер: се ренда кората и се цеди сокот, па заедно со шеќерот и путерот се топи на пареа. Јајцата се матат, па постепено им се додава смесата од пареа. Во сад до двојно дно се готви 10 минути со постојано мешање додека да згусне. Во стаклена тегла во фрижидер може да стои и од еден месец).
За темен крем:
500 мл млеко
2 пудинг од ванила + 125 г шеќер
100 г темно квалитетно чоколадо (мин 60% какао)
150 г лешници
100 г путер / маргарин
За глазура:
100 г темно чоколадо
50 г путер/ маргарин
1 мала лажичка масло
Постапка:
Прво пропржете ги лешниците, излупете им ја коричката и ситно сомелете ги.
За бел крем: Пудингот со шеќер измешајте го во 50 мл млеко да добиете мазна смеса без грутки. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие, па додадете му го пудингот и варете уште неколку минути со мешање додека да згусне. Во врелиот пудинг додадете искршено бело чоколадо и lemon curd кремот, додека убаво да се соедини. Малку изладете па во млако измиксајте го путерот кој претходно пенасто сте го изматиле со млекото во прав.
Оставете целосно да излади.
За темен крем: пудингот со шеќерот измешајте го во 50 мл млеко, да добиете мазна смеса без грутки. Остатокот од млекото ставете на оган да зоврие, па додадете го пудингот и варете неколку минути со постојано мешање додека да згусне. Во врелиот пудинг додадете кршено на коцки темно чоколадо и мелени лешници. Во млакиот пудинг измиксајте го путерот. Оставете целосно да излади. Двете креми покријте ги со проѕирна фолија додека се ладат за да не фатат коричка.
РЕДЕЊЕ: на тацна ставете ја првата кора и премачкајте ја со 4 лажици темен крем. Покријте со втора кора, малку со дланките израмнете, па премачкајте со 4 лажици бел крем. Повторно прекријте со крпа, па постапката повторувајте ја додека да се потроши материјалот. Последната кора не ја премачкувајте. Мене оваа количина ми беше доволна за да добијам четири слоја бел и четири слоја темен крем. Тоа зависи од величината на вашите кори.
Филуваниот колач покријте го со хартија за печење, врз него ставете даска или тепсија со величина на корите и оптерете се со тежина од 2-3 кг. Оставете преку ноќ така оптеретено на собна температура.
Колачот прелијте го со глазура. Јас ја користев оваа глазура. Сега ставете во фрижидер за глазурата да ви се стегне убаво. Колачот е кремаст и многу убаво се сече, а уште е повкусен кога ќе остане еден ден и кога корите убаво ќе го впијат кремот.