Потребни состојки:
(Основа)
100 г природен мед
100 г таан
100 г ореви мелени
100 г бадеми мелени
100 г сусам
100 г лимон ( да се исцеди )
Дополнително (кој сака може да додаде):
100 г суво грозје
100 г морков рендан
Постапка:
Јаткастите плодови се мелат, а ако сакате можете половина мелени а половина сечкани да ги ставите.
Медот загрејте го на пареа да стане течен и да може полесно да се меша, за да се спои со другите состојки.
Убаво измешајте сè, складирајте во стаклени теглички и чувајте во фрижидер.
Употреба:
По една лажица наутро и навечер.
Количините можете сразмерно да ги зголемите.