Фото и рецепт: Сања Велимировиќ
Потребни состојки:
1 литар млеко
9 лажици шеќер
5 лажици брашно
5 лажици густин
2 лажици какао
2 лажици шеќер
100 г путер / маргарин
100 г чоколадо за готвење
200 мл слатка павлака
200 г кокос
Постапка:
Ставете 1 литар млеко со 9 лажици шеќер да се вари.
Во посебен сад соединете 5 лажици брашно, 5 лажици густин, 2 лажици какао, 2 лажици шеќер, па во тоа додадете две кутлачи од она едно литро што се вари, па промешајте добро.
Таа смеса додадете ја во млекото кое се вари, додадете 100 г путер/маргарин, 100 г чоколадо за готвење и сварете го филот со постојано мешање додека да згусне.
Изматете 200 мл слатка павлака во шлаг. Во голем плех за печење наросете 200 г кокос, преку него полејте го врелиот фил, па кога малку ќе излади премачкајте го со шлаг.
Колачот исечете го со нож прво на половина, а потоа на коцки. Со лажица зафаќајте ги и „ролајте“ ги колачите.
Фото и рецепт: Сања Велимировиќ
Погледнете како тоа се прави: