Home Останато Убавина и нега Секое утро пијте го ова за да ја подготвите кожата за лето,...

Секое утро пијте го ова за да ја подготвите кожата за лето, па колку – толку да го намалите целулитот – резултати има!

Ако не сте биле многу активни оваа зима, туку поголемиот дел од денот сте го минувале седејќи, тоа значи дека сигурно ви се создал целулит или уште полошо – тој се зголемил и проширил. А тоа значи, долготрајна борба за да се ослободите од него.

Веднаш ќе ви кажеме дека агресивните масажи кои ги прават во повеќето козметички салони и од кои се создаваат модринки не се добри! Масажите не треба да болат и не смеат да предизвикуваат прскање на површинските капилари.

Антицелулитната масажа е специфична, со поттикнување на лимфата и загревање на поткожното ткиво за зголемување на микроциркулацијата заради исхранување на ткивото, а никако повреди на крвните садови и подливи. Ваквите масажи се спроведуваат од добро обучени лица со искуство.

Освен лимфна дренажа и антицелулитна масажа, потребно е да пиете доста чаеви од билки кои ги исфрлаат вишокот соли од телото, да пиете многу течности и да правите соодветни вежби со кои ќе го олесните процесот на „разбивање“ на целулитот.

Секое утро пијте го следниот напиток:

1 јаболкова киселина, домашна

1 чаша вода

1 лажиче мед колку за подобрување на вкусот (не мора)

Надворешно мачкање:

Измешајте четвртина шолја лосион за тело со лажица јаболкова киселина.

<

Натопете пешкир со ладна вода, исцедете го добро, потоа ставете го неколку минути на зафатениот дел со целулит. Потоа протријте се и тргнете го пешкирот, па со памук натопен во мешавината добро протријте се и завиткајте се во проѕирна фолија за да предизвикате загревање и отворање на порите.

За побрзи резултати, овој третман правете го најмалку трипати седмично.